social image

Специјалистичкото здрУжение на лекари специјалисти по социјална медицина и организација на здравствената заштита

Специјалистичкото здружение на лекари специјалисти по социјална медицна и организација на здравствената дејност e формирано во 1980 година како Секција (Здружение) на лекари специјалисти по социјална медицина со организација на здравствената дејност.

Во 2002 година Здружението на лекари специјалисти се трансформира во Македонско здружение на лекари специјалисти по социјална медицина и организација на здравствената дејност и набргу потоа се приклучува на EUPFA (The Europеan Public Health Association). Здружението брои 41 активен член. Долгогодишен член е на:
 
  • Светска федерација за јавно здравје (World federation of public health associations) и
  • Европската асоцијација за јавно здравје (European public healthassociation)

Социјалната медицина како наука ја анализира здравствената состојба на населението и ризиците кои негативно делуваат на здравјето, системот и организацијата на здравствената заштита, како и можностите за примена на современите текови на науката во системот на здравствена заштита.
Контакт
Проф. д-р Валентина Симоновска 

е-маил: valentina.simonovska@gmail.com

Здружение на докториte специјалисти по хигиена и здравствена екологија

Здружението е основано 1994 година и денес брои 55 членови. До сега има одржано 3 конгреси:
 
  • I Конгрес по превентивна медицина на Македонија со меѓународно учество, Охрид 1998;
  • II Конгрес по превентивна медицина на Македонија со меѓународно учество, Охрид 2002;
  • III Конгрес по превентивна медицина на Македонија со меѓународно учество, Охрид 2006.
Одржани симпозиуми, семинари, работилиници
 
  • Работилница за изготвување на упатства за реализација на програмските задачи од санитарнохигиенската дејност, подржана од UNICEF и Министерство за здравство, 2013
  • Анемија и исхранетост кај бремени жени и деца до 5 години, Охрид 2012
  • Подготовки и одговор на здравствениот систем при вонредни/кризни состојби, Маврово 2010
  • Принципи на HACCP и негова примена во угостителски објекти” интерактивен напреднат курс, Охрид 2009
  • Принципи на HACCP и препораки за негова апликација, Скопје 2007

Печатени материјали
 
  • Физиолошки норми за исхрана на населението, 2002 година
  • Прирачник за курсеви за хигиенски минимум за лицата кои работат со храна, 2000 година
  • Евидентна книшка за водоснабдителни објекти и вода за пиење, подржана од ГТЗ, 2002 година
Контакт
Проф. д-р Гордана Ристовска
Институт за јавно здравје на РМ,
ул. 50 Дивизија бр.6, Скопје,
тел: 02 3125 044,


е-маил: ristovskagordana@gmail.com

ЗДРУЖЕНИЕ НА МИКРОБИОЛОЗИTE НА МАКЕДОНИЈА

Здружението на микробиолози на Македонија е формирано пред повеќе од 30 години, во 1986 година, и оттогаш станува едно од најјактивните медицински, специјалистички здруженија што функционираат како дел од Македонското лекарско друштво.

Здружението на микробиолози на Македонија брои 85 доктори специјалисти и специјализанти по медицинска микробиологија и 6 членови биолози-специјалисти по медицинска микробиологија. Како придружни членови се водат 24 микробиолози (немедицинска микробиологија) и тоа најмногу од факултетот за ветерина, Земјоделскиот факултет, Природно-математичкиот факултет, Алкалоид и др.

Работата  на ЗММ, e насочена кон остварување на следните активности: организирање на стручни и научни состаноци – 3-4 состаноци годишно, организирање симпозиуми заедно со други здруженија и симпозиуми под покровителство на СЗО и/или ECDC, известување за активностите на Здружението преку соопштенија и написи во медицински списанија (најчесто Лекарски весник), како и активности поврзани со членство во други асоцијации (FEMS, ESCMID, UEMS, FESCI и др)

Покрај многубројните стручни состаноци, симпозиуми и работилници, за одбележување се досега оддржаните шест Конгреси на микробиолозите на Македонија со меѓународно учество (1997, 2002, 2006, 2009, 2014 и 2018 година), два симпозиуми поддржани од FEMS (Federation of European Microbiological Societies) оддржани во 2002 и 2018 год, како и Балканскиот конгрес на микробиолозите (Microbiologia Balkanica) оддржан во 2009 година.

Овие активности на ЗММ овозможуваат постојано следење на најновите достигнување презентирани од познати стручњаци од различни области на медицинската микробиологија, како и новините во применетата и санитарната микробиологија. Од посебен интерес на ЗММ е следењето на антимикробната резистенција, која претставува глобален проблем.
Контакт
Проф. д-р Голубинка Бошевска

е-маил: golubinka@yahoo.com

ЗДРУЖЕНИЕ НА ЕПИДЕМИОЛОЗИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Здружението на епидемиолози на Република Македонија е формирано пред повеќе од 30 години. Здружението e дел од функционалната целина на Македонското лекарско друштво заедно со останатите специјалистички здруженија во земјата и е активно во својата работа од формирањето па до денешни денови.

Во ова Здружение членуваат 58 доктори специјалисти или на специјализација по епидемиологија и доктори на медицина вработени во епидемиолошките единици. Меѓу нив има професори, доценти, асистенти и научни соработници на медицинските факултети во земјава, во рамките на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Универзитетот Гоце Делчев од Штип, Државниот Универзитет од Тетово, Високата медицинска школа во Битола, епидемиолози вработени во Министерството за здравство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство, во Центрите за јавно здравје и нивните подрачни единици во републиката и во Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија.

Како придружни членови се водат 4 лица - еден ветеринарен доктор на специјализација по епидемиологија, 2 здравствени работници со високо образование од областа на медицината (специјалисти за микробиолошки анализи) и еден социјален работник, вработени во Институтот за јавно здравје каде го даваат својот придонес за развојот на епидемиолошката дејност во земјата.

Здружението на епидемиолози на Република Македонија ги обединува, ја пооттикнува и координира активноста на своите членови за остварување на заеднички цели и задачи.

За оваа цел, здружението одржува постојана врска со своето членство, а најмалку два пати во годината се организираат стручни состаноци за споделување на знаења, размена на искуства и презентирање на новини и актуелности во врска со заразните болести, јавно-здравствените закани и имунизацијата, се со цел унапредување на епидемиолошката дејност во контекст на новите предизвици.

На состаноците на Здружението најчесто се презентираат теми и трудови кои се резултат на рутинската работа на епидемиолозите, но и теми кои што се од меѓународен интерес, знаења и искуства од разни видови едукации и обуки врзани за присуството на наши експерти на меѓународни школи и тренинзи во областа на епидемиологија заразните болести, но и на други јавно-здравствени закани освен биолошките.

Исто така, на редовните средби на епидемиолозите се бараат решенија за проблемите со кои епидемиолошката дејност се соочува, а кои се есенцијални за неговата работа, најчесто во комуникација со Министерството за здравство. Здружението соработува со надлежното министерство, тела и институции во поглед на планирање на кадарот, специјализациите и пост-дипломските студии од својата област.

Често се организираат состаноци во соработка или со учество на експерти од различни здруженија или институции од нашата и од соседните и други европски држави (Институтот за јавно здравје Батут од Србија, Институтот за јавно здравје од Црна Гора, SECID Албанија, RKI од Германија), но и од меѓународни организации и референтни институции од областа како на пример WHO, ECDC, CDC и сл. кои се на располагање за стручна и техничка помош.

Здружението е член на Европската асоцијација на епидемиолози од 1996 година.

Освен стручни состаноци за членовите на Здружението, се организираат и заеднички настани - конгреси, симпозиуми, семинари и работилници во насока на планско стручно усовршување на членовите. Вакви настани од поголем обем (конгреси, симпозиуми) вообичаено се организираат со други сродни здруженија, најчесто од област на превентивата, но не се исклучени и други специјалистички медицински гранки.

Здружението на епидемиолози на Република Македонија, заедно со останатите превентивни здруженија во републиката, во последните 30-тина години учествуваше во организација и одржување на неколку стручни настани од поширок карактер и со меѓународно учество во
Македонија - три Конгреси, сите три одржани во Охрид:

 -I Конгрес по превентивна медицина на Македонија со меѓународно учество, 1998;
 -II Конгрес по превентивна медицина на Македонија со меѓународно учество, 2002;
-III Конгрес по превентивна медицина на Македонија со меѓународно учество, 2006,

како и четири научни симпозиуми - Денови на превентивна медицина, одржани по 2 во Охрид и во Струга:

 -I Научен Симпозиум - Денови на превентивна медицина во Република Македонија 2016 - Здравје за сите – сите за здравје;
 -II Научен Симпозиум - Денови на превентивна медицина во Република Македонија, 2017, со меѓународно учество
-III Научен Симпозиум - Денови на превентивна медицина во Република Македонија 2018, со меѓународно учество IV Научен Симпозиум со меѓународно учество, Денови на превентивна медицина, 2019
Контакт
Прим. д-р Гордана Кузмановска

Институт за јавно здравје на РМ,
ул. 50 Дивизија бр.6, Скопје,
тел: 02 3125 044,

е-маил: gordana.kuzmanovska@gmail.com