Пријавување на апстракти за орална или постер презентација



Пријавувањето на апстракти за орална или постер презентација ќе се врши преку овој формулар.

Правило за пишување апстракт: на македонски и англиски јазик, до 300 зборови, фонт Times New Roman (со македонска поддршка на апстрактот на македонски јазик), големина на фонт 12.

Структура на апстрактот: наслов, автори, припадност на авторите (институција), цел на трудот, материјал и методи, резултати, заклучок и клучни зборови.

Настанот ќе биде акредитиран од Лекарската комора на Македонија и Македонското лекарско друштво.

Котизација за учесниците ќе биде 50 евра за уплати до 30 септември, а после тоа 100 евра.

За регистрација пополнете го формуларот тука, а за котизација пишете порака на booking@savana.com.mk.