Ве повикуваат да земете учество на
I интернационален конгрес на превентивна медицина и јавно здравје
Место на настанот: хотел „Дрим“, Струга, Северна Македонија
Датум на настанот: 31.10 до 2.11. 2024
Пријавувањето на апстракти за орална или постер презентација ќе се врши преку овој формулар. Порталот за пријавување абстракти сеуште не е отворен.
Правило за пишување апстракт: на македонски и англиски јазик, до 300 зборови, фонт Times New Roman (со македонска поддршка на апстрактот на македонски јазик), големина на фонт 12.
Структура на апстрактот: наслов, автори, припадност на авторите (институција), цел на трудот, материјал и методи, резултати, заклучок и клучни зборови.
Настанот ќе биде акредитиран од Лекарската комора на Македонија и Македонското лекарско друштво.
Котизација за учесниците ќе биде 50 евра за уплати до 30 септември, а после тоа 100 евра.
За регистрација пополнете го формуларот достапен
тука, а за котизација пишете порака на booking@savana.com.mk.