Сместувањето е организирано во хотел Дрим, Струга, каде што ќе се одржува и конгресот.
*Цената за сместување во двокреветна соба по лице на ден, на база полн пансион изнесува 3150 ден, 2550 ден по лице на ден на база полупансион, и 2250 ден по лице на ден во двокреветна соба на база ноќевање со појадок.
*Сместување во еднокреветна соба ќе ја зголеми цената за 40% за сите услуги.
Прекрасно поставен на брегот на Охридското Езеро и неговиот истек во реката Црни Дрим, хотелот со 200-соби е опкружен со уникатноста на живата Струга, нудејќи не само место да се почуствувате како дома и да се релаксирате, туку и место што ќе Ве стимулира и инспирира.
Хотел Дрим искуството започнува во моментот кога ќе пристигнете низ вратата на хотелот и го откриете нашиот свет. Одразувајќи ја енергичната и препознатлива околина, уникатните вкусови на Струга се вградени во ѕидовите на Хотел Дрим, со што патувањето во овој град е повеќе од едноставна посета. Тоа ќе биде Вашето персонално искуство, овозможувајќи ви да пристигнете како турист и си заминете како да сте биле тука со години. И ако навистина сакате да одите на "локален" начин, зошто да не ја одберете нашата понуда од возење со еден од нашите велосипеди и разгледате наоколу?
Хотел Дрим ги комбинира врвно професионалниот со личниот пристап, овозможувајќи внимателна и некомплицирана услуга.
Уживајте во срцето на хотелот и релаксирајте се со кафе или чаша вино во Лоби барот или искусете возбудлива кулинарска вечер во еден од нашите ресторани.