Почитувани,
Со радост ја објавуваме финалната програма на I Интернационален конгрес на превентивна медицина и јавно здравје, Струга 2024.
Ве замолуваме да, пред сè, да проверите дали вашиот апстракт е поставен. Имајте предвид дека, научниот одбор на конгресот можеби го има преформулирано начинот на презентирање на вашиот апстракт (на пр: од постер во усно или обратно).
Насловите кои беа на македонски, организацискиот одбор ги преведе на англиски, доколку имате забелешка на преводот, исто така, можете да нè контактирате.
Авторите кои имаат постер-презентација, во прилог ви е прикачена и рамката за постер-презентацијата. Постер-презентациите,
исклучиво треба бидат презентирани само со оваа рамката која е дадена во прилог (не во друга РРТ или испечатена форма).
Постер-презентациите може да бидат напишани на англиски или македонски јазик и може да се презентираат на англиски или македонски јазик.
За усните презентации, авторите имаат можност да си состават свои PPT-верзии.
Усните презентации,
задолжително да се подготват на англиски јазик, а може да се презентираат на англиски или македонски јазик.
Презентациите,
најдоцна до 27.10.2024 00:00 часот треба да бидат испратени на contact@dpm.mk.
За сите прашања можете да нè контактирате на
contact@dpm.mk или на
070 87 23 77.
Со почит,
Организациски одбор I Интернационален конгрес за превентивна медицина и јавно здравје, Струга 2024
Научен одбор I Интернационален конгрес за превентивна медицина и јавно здравје, Струга 2024