Специјалистичкото здружение на лекарите по социјална медицина со организација на здравствена дејност

Здружението е основано ..... година и денес брои 42 членови. Долгогодишен член е на:
 
  • Светската федерација за јавно здравје (World federation of public health associations) и
  • Европската асоцијација за јавно здравје (European public health association).

Социјалната медицина како наука ја анализира здравствената состојба на населението и ризиците кои негативно делуваат на здравјето, системот и организацијата на здравствената заштита, како и можностите за примена на современите текови на науката во системот на здравствена заштита.
Контакт
Проф. д-р Моме Спасовски

e-mail: mome_spasovski@yahoo.com

Здружение на докториte специјалисти по хигиена и здравствена екологија

Здружениетео е основано 1994 година и денес брои 55 членови. До сега има одржано 3 конгреси:
 
  • I Конгрес по превентивна медицина на Македонија со меѓународно учество, Охрид 1998;
  • II Конгрес по превентивна медицина на Македонија со меѓународно учество, Охрид 2002;
  • III Конгрес по превентивна медицина на Македонија со меѓународно учество, Охрид 2006.
Одржани симпозиуми, семинари, работилиници
 
  • Работилница за изготвување на упатства за реализација на програмските задачи од санитарнохигиенската дејност, подржана од UNICEF и Министерство за здравство, 2013
  • Анемија и исхранетост кај бремени жени и деца до 5 години, Охрид 2012
  • Подготовки и одговор на здравствениот систем при вонредни/кризни состојби, Маврово 2010
  • Принципи на HACCP и негова примена во угостителски објекти” интерактивен напреднат курс, Охрид 2009
  • Принципи на HACCP и препораки за негова апликација, Скопје 2007

Печатени материјали
 
  • Физиолошки норми за исхрана на населението, 2002 година
  • Прирачник за курсеви за хигиенски минимум за лицата кои работат со храна, 2000 година
  • Евидентна книшка за водоснабдителни објекти и вода за пиење, подржана од ГТЗ, 2002 година
Контакт
Проф. д-р Гордана Ристовска
Институт за јавно здравје на РМ,
ул. 50 Дивизија бр.6, Скопје,
тел: 02 3125 044,
e-mail: ristovskagordana@gmail.com

ЗДРУЖЕНИЕ НА МИКРОБИОЛОЗИTE НА МАКЕДОНИЈА

Здружението на микробиолози на Македонија е формирано пред повеќе од 30 години, во 1986 година, и оттогаш станува едно од најјактивните медицински, специјалистички здруженија што функционираат како дел од Македонското лекарско друштво.

Здружението на микробиолози на Македонија брои 85 доктори специјалисти и специјализанти по медицинска микробиологија и 6 членови биолози-специјалисти по медицинска микробиологија. Како придружни членови се водат 24 микробиолози (немедицинска микробиологија) и тоа најмногу од факултетот за ветерина, Земјоделскиот факултет, Природно-математичкиот факултет, Алкалоид и др.

Работата  на ЗММ, e насочена кон остварување на следните активности: организирање на стручни и научни состаноци – 3-4 состаноци годишно, организирање симпозиуми заедно со други здруженија и симпозиуми под покровителство на СЗО и/или ECDC, известување за активностите на Здружението преку соопштенија и написи во медицински списанија (најчесто Лекарски весник), како и активности поврзани со членство во други асоцијации (FEMS, ESCMID, UEMS, FESCI и др)

Покрај многубројните стручни состаноци, симпозиуми и работилници, за одбележување се досега оддржаните шест Конгреси на микробиолозите на Македонија со меѓународно учество (1997, 2002, 2006, 2009, 2014 и 2018 година), два симпозиуми поддржани од FEMS (Federation of European Microbiological Societies) оддржани во 2002 и 2018 год, како и Балканскиот конгрес на микробиолозите (Microbiologia Balkanica) оддржан во 2009 година.

Овие активности на ЗММ овозможуваат постојано следење на најновите достигнување презентирани од познати стручњаци од различни области на медицинската микробиологија, како и новините во применетата и санитарната микробиологија. Од посебен интерес на ЗММ е следењето на антимикробната резистенција, која претставува глобален проблем.
Контакт
Проф. д-р Ана Кафтанџиева

e-mail: akaftandzieva@yahoo.com