СВЕТСКИ ДЕН НА ВОДАТА 2016

Светскиот ден на водата е меѓународна манифестација која под закрила на Генералното собрание на Обединетите Нации – UN-Water, субјектот кој ја координира работата на ОН за вода и канализација,секоја година на 22 март со разновидни активности се одржува ширум светот. Светскиот ден на водата датира од 1992 година. Секоја година се одбира тема која одговара на сегашниот или идниот предизвик. Кампањата за ангажман е координирана од една или повеќе членки на UN-Water, поврзано со мандатот.

Денес, околу половина од работниците во светот, 1,5 милијарда луѓе работат во сектори поврзани со водата и речиси сите работи зависат од водата или се поврзани со нејзина достава. Сепак, милиони луѓе чија работа е директно поврзана со вода често не ги уживаат работничките права. Темата за оваа година е „Водата и работните места“, а целта е да покаже дека доволните количини вода и квалитетната вода може да го сменат животот и егзистенцијата на работниците, па дури и да трансформира општества и економии.

Поврзани вести