НАУЧНО СТРУЧЕН СИМПОЗИУМ

Една од клучните области е јавното здравје, и се однесува на сите организирани мерки со цел да се спречи болеста, промовира здравјето и да се продолжи животот кај населението како целина. Овие активности имаат за цел да обезбедат услови во кои луѓето можат да бидат здрави, притоа делувајќи на ниво на население, а не на ниво на пациент.

Пристапот „Здравјето во сите политики”, преку ангажирање на целата влада и целото општество во одговор на мултисекторските прашања на јавното здравје, кои нé засегаат сите нас. Овој пристап веќе е стратешки планиран во неколку документи кои се подготвени во измината година, започнувајки со Стратегијата Здравје 2020, Стратегијата и Акцискиот план за јавно здарвје. Овие два значајни документи се разгледувани и одобрени на Комитетот за здравје и животна средина и веќе се во процедура при Владата на РМ. Тоа значи дека го очекуваме скорото усвојување и дејствување според нив.

Еден од столбовите на овие стратешки документи е јакнење на јавноздравсвствените капацитети со посебен осврт на хуманите ресурси. Само квалитетни и доброобучени експерти од превентивните гранки на медицината и сродни гранки можат да ги реализираат посатвените цели.

Очекувам успешен симпозиум кој ќе ги зајакне врските и соработката меѓу превентивните гранки и посакувам да премине во традиција во кој ќе земат учество и експерти од другите земји во регионот и пошироко.

Посакувам за сите нас успешна работа со реализација на основната порака ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА ЗДРАВЈЕ

Поврзани вести