Светската здравствена организација е заснована на принципот дека сите луѓе треба да бидат способни да го остварат своето право на највисоко можно ниво на здравје. Уставот на СЗО стапи на сила на 7 април 1948 година.
Затоа “#HealthForAll” е водечката визија на СЗО повеќе од седум децении. Тоа е, исто така, поттик за организацијата во целиот свет за поддршка на земјите во движење кон Универзалната здравствена покриеност (УЗП).
Искуството секогаш и повторно покажа дека Универзалната здравствена покриеност се постигнува кога политичката воља е силна.
Така, во оваа 70-та годишнина, СЗО ги повикува светските лидери да ги исполнат ветувањата што ги дадоа кога се согласија со целите за одржлив развој во 2015 година и да се посветат на конкретни чекори за унапредување на здравјето на сите луѓе. Ова значи да се обзбеди секој, насекаде да добива здравствени услуги што му се потребни без да се соочи со финансиски тешкотии.
Организацијата ќе го задржи високо фокусот за универзално здравствено покривање преку серија настани во 2018 година, почнувајќи од Светскиот ден на здравјето на 7 април, со глобални и локални разговори за начините за постигнување на Здравје за сите.
Поврзани вести