Цена за сместување

Цената за сместување е 30 евра (во денарска противвредност) по лице на ден, во двокреветна супериор соба, за полн пансион.

*Трето лице е со 30% попуст на понудената цена, додека доплата за еднокреветна супериор соба е +30% на понудената цена.


Прекрасно поставен на брегот на Охридското Езеро и неговиот истек во реката Црни Дрим, хотелот со 200-соби е опкружен со уникатноста на живата Струга, нудејќи не само место да се почуствувате како дома и да се релаксирате, туку и место што ќе Ве стимулира и инспирира.

Хотел Дрим искуството започнува во моментот кога ќе пристигнете низ вратата на хотелот и го откриете нашиот свет. Одразувајќи ја енергичната и препознатлива околина, уникатните вкусови на Струга се вградени во ѕидовите на Хотел Дрим, со што патувањето во овој град е повеќе од едноставна посета. Тоа ќе биде Вашето персонално искуство, овозможувајќи ви да пристигнете како турист и си заминете како да сте биле тука со години. И ако навистина сакате да одите на "локален" начин, зошто да не ја одберете нашата понуда од возење со еден од нашите велосипеди и разгледате наоколу?

Хотел Дрим ги комбинира врвно професионалниот со личниот пристап, овозможувајќи внимателна и некомплицирана услуга.

Уживајте во срцето на хотелот и релаксирајте се со кафе или чаша вино во Лоби барот или искусете возбудлива кулинарска вечер во еден од нашите ресторани.

Информации за симпозиумот

ОБЈАВЕНА Е КНИГАТА НА АПСТРАКТИ ОД 2019
21.10.2019
Книгата на апстракти на симпозиумот „Денови на превентивната медицина во РМ 2019“ е објавена и можете да ја видите или преземете на следниот линк: http://www.dpm.mk/programa-2019/Ве потсетуваме дека симпозиумот беше акредитиран и носи 12 бодови за активно и 8 за пасивно учество, како што е прикажано на сликата погоре.
Види детали

Архива на вести